АктуелноЛокално

Трагедија во Охрид: Работник загина при изведување градежни работи

Тежок инцидент се случи утрово во Охрид, каде 58-годишен градежен работник го загуби животот по пад на градилиште во трговски центар кој е во изградба. Настанот бил пријавен во 09:24 часот во СВР Охрид од страна на Итната медицинска помош.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, станува збор за Ѓ.Д. од Охрид, кој по падот веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, но, за жал, им подлегнал на повредите.

На местото на несреќата во тек е увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи, кои треба да ги утврдат причините и околностите под кои се случил трагичниот настан.

Ова е уште еден потсетник на ризиците со кои секојдневно се соочуваат работниците во градежниот сектор и ја отвора прашањето за почитувањето на безбедносните протоколи и условите за работа на градилиштата во земјава.