АктуелноЛокално

Суспендиран раководителот на инспекторатот Кирил Мицевски по објавите и истрагата на Левица – Битола

По серија објави и документирани наводи за неправилности изнесени од страна на огранокот на Левица од Битола, денес официјално е суспендиран раководителот на општинскиот инспекторат, Кирил Мицевски. Против него Основното јавно обвинителство веќе води истрага за злоупотреби во вршењето на службената должност.

Според Левица од Битола, Мицевски е поврзан со повеќе лица и случаи кои укажуваат на сериозни сомневања за рекет и злоупотреба на службената положба, особено во врска со нелегални градби на територијата на општината. Партијата најавува дополнителни обелоденувања кога ќе се обезбеди соодветен доказен материјал.

Како еден од клучните примери за сомнителни активности, се наведува предмет поврзан со парцела која според имотен лист има статус на земјоделско земјиште. Иако дозволата од Министерството за земјоделство предвидува изградба на приземен објект од 66 м2 со максимална висина до венец од 2,80 метри, на терен е затекнат објект со приземје, кат, поткровје и мансарда, со значително поголеми димензии – висина до венец од 5,40 метри.

Општината извршила дополнително мерење и нов геодетски елаборат, со кој се потврдуваат несогласувањата помеѓу документацијата и реалната состојба.

Левица – Битола апелира до надлежните институции да постапуваат навремено и професионално, предупредувајќи дека има индиции за вршење притисок врз одговорни службеници и судии во процесот.

Истражувањето за случајот продолжува, напишаа од Левица – Битола.

Целото соопштение на огранокот од Битола во продолжение: