Иницијативата „Кој е следен?“ со повик за поддршка на „Маршот на Ангелите“ во Кочани
Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ упати јавен повик до сите граѓани да се приклучат на организираното заминување кон Кочани, во знак на солидарност и поддршка за локалното население кое секоја недела протестира на „Маршот на Ангелите“.
„Никој не смее да биде оставен сам во болката. Нашиот пат е пат на солидарност, на гласна поддршка и достоинствен отпор,“ стои во повикот објавен од иницијативата.
Протестите во Кочани се одржуваат во знак на почит и барање правда за загубените животи, а граѓаните од овој град истрајно маршираат секоја недела, и покрај тешките услови. Иницијативата апелира дека сега е време за национално обединување, за покажување човечност и поддршка.
Заинтересираните за патување до Кочани можат да се пријават преку формулар за превоз, достапен овде. Организаторите ги охрабруваат сите што имаат сопствени возила да понудат превоз, за да се помогне на оние кои немаат можност сами да стигнат до таму. „Секое седиште е важна поддршка,“ велат од иницијативата.
Собирот за заминување е закажан во 12:00 часот, на паркингот меѓу СЦ „Јане Сандански“ и хотелот „Хилтон“, а поаѓањето е во 13:00 часот.
За сите оние кои не се во можност физички да присуствуваат, отворена е можност за донации преку веб-страницата supportkocani.com, со што ќе се помогне на организирањето и поддршката за луѓето од Кочани.
„Сега е моментот да покажеме дека сме еден народ, едно срце, една болка и една сила. Кочани, не сте сами. Македонија е со вас,“ порачуваат од „Кој е следен?“.
Целата содржина на нивниот повик во продолжение: