АктуелноЛокално

Исмаил до ДПМНЕ: „Зошто го земавте Таравари ако е заштитник на криминалот?“

Потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил, остро ја критикуваше ДПМНЕ во своја објава на Фејсбук, алудирајќи на нивното сојузништво со лидерот на АА, Арбен Таравари, кој деновиве повторно стана тема во јавноста откако партијата го нарече „заштитник на криминалот“.

„Добро, еден од тоа ИК-то на ДПМНЕ не се најде да праша зошто Таравари беше земен во Влада ако бил ‘уште еден заштитник на криминалот’? Па зарем не знаевте дека е таков кога пред година дена го гледавте во Собрание?!“, прашува Исмаил, упатувајќи директна критика кон одлуките на партиското раководство на ДПМНЕ.

Според него, иако ДПМНЕ знаела за, како што вели, сомнителното минато на Таравари, сепак одлучила да соработува со него поради заеднички „клиенти“. „Сега изгледа борба за клиенти ви стана“, додава Исмаил.

Во продолжение, тој не ја штеди критиката ниту кон пратениците од ДПМНЕ, за кои вели дека „повеќето не ни знаеле, и уште не знаат ништо, само дигаат рака на знак на координаторот“.

Оваа изјава доаѓа во време на политичка неизвесност, кога Алијанса на Таравари ја напушта владината коалиција на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Коментарот на Исмаил е дел од пошироката критика на Левица кон, како што велат, лицемерието и неконзистентноста во одлуките на ДПМНЕ.

Целата негова Фејсбук објава во продолжение: