ЕУ

Европската комисија поразена во „Фајзергејт“: Судот на ЕУ пресуди во корист на транспарентноста

По долг правен спор помеѓу Европската комисија и „Њујорк тајмс“ околу транспарентноста на договорите за вакцините против „COVID-19“ со фармацевтскиот гигант „Фајзер“, Европскиот суд на правда денес донесе пресуда против Комисијата.

Во одлуката се наведува дека Европската комисија „не дала веродостојно објаснување за недостапноста на бараните документи“, поврзани со договорите за набавка на вакцините.

Случајот, популарно наречен „Фајзергејт“, се однесува на обвинувањата за недостаток на транспарентност и можни неправилности во комуникацијата и договорите помеѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, во текот на пандемијата.

Судот одлучи во корист на „Њујорк тајмс“ по сите основи, што претставува сериозен удар за Европската комисија и го отвора прашањето за одговорност и транспарентност во институциите на ЕУ.

Оваа пресуда може да доведе до обелоденување на клучни документи кои досега беа недостапни за јавноста, а со тоа и да придонесе за поголема отчетност во процесот на набавка на вакцини во време на глобална здравствена криза.