АктуелноЛокално

Левица Брвеница: Општината се дави во ѓубре – Илиевски ја претвори Брвеница во „депонија на Балканот“

Локалниот огранок на Левица од Брвеница со остри критики кон актуелниот градоначалник Миле Илиевски, обвинувајќи го за сериозна еколошка катастрофа и целосна негрижа за здравјето и благосостојбата на жителите на општината.

Во соопштението, партијата алармира за „еколошка бомба“ која, според нив, е очигледна уште при влезот во Брвеница, каде депонии и отпад се присутни на секој чекор. Дополнително, како што наведуваат, ситуацијата се влошува поради кучињата скитници кои го растураат ѓубрето во потрага по храна, претворајќи ја општината во „сцена од повоена состојба“.

„Никогаш Брвеница не била во ваква запуштена состојба. Ова што денес го гледаме е резултат на целосно запоставување на основните обврски на локалната власт,“ се вели во реакцијата на Левица.

Според партијата, вината директно ја сноси градоначалникот Илиевски, кој наместо да работи на создавање здрава и модерна средина, се фокусирал на „партиски вработувања“ и создавање гласачка машинерија. Тие тврдат дека сите предизборни ветувања за „чиста и напредна Брвеница“ останале само празни зборови, без никаква реална реализација.

„Брвеница денес не е модерна, туку е претворена во депонија на Балканот“, предупредуваат од Левица и бараат итна реакција од надлежните институции, како и одговорност од градоначалникот за состојбата што ја нарекуваат „еколошки срам“.

Од партијата најавуваат дека ќе продолжат со притисок за ефикасна локална самоуправа која ќе го стави животот на граѓаните пред партиските интереси.

Целото соопштение на Локалниот огранок во продолжение: