АктуелноЛокално

(Фото) Жителите покрај Маркова Река живеат во страв: Левица ја обвинува локалната власт во Кисела Вода за негрижа

Жителите на населбите долж Маркова Река, во општина Кисела Вода, се соочуваат со сериозна опасност по нивната безбедност и имот, откако поројните дождови предизвикаа свлечишта и лизгање на земјиштето. Според локалниот огранок на партијата Левица од Кисела Вода, нефункционалноста на општинската власт и институциите кои, како што велат, го штитат интересот на капиталот, довела до ситуација која за малку ќе завршела трагично.

„Станува збор за речното корито на Маркова Река кое со години е узурпирано, а надлежните институции не преземаат ништо. Проблемот не е само узурпација на земјиште – ова директно го загрозува животот на луѓето“, соопштуваат од Левица.

Како резултат на обилните дождови, дојде до дестабилизација на теренот, при што неколку куќи се пред целосно уништување, а локалниот пат кон селото Батинци е во критична состојба. Дополнителен проблем претставува и уништениот канал за одвод – фекалните води завршуваат директно во дворовите на жителите.

Левица го повикува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш да излезе на терен со стручна комисија за да се утврди обемот на штетите и безбедноста на објектите. „Градоначалникот кој ноќта спасуваше граѓанин од 20 сантиметри вода на улица, сега треба да покаже иста реакција за луѓето на кои им е загрозен целиот дом“, додаваат од партијата.

Жителите бараат итна реакција пред состојбата да се влоши уште повеќе, со страв дека следниот дожд би можел да има катастрофални последици.

Целосното соопштение на Локалниот огранок на Левица од Кисела вода на линкот подолу: