Во МАНУ ќе се одржи промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“, кое ги опфаќа деловите „Поезија“, „Проза и публицистика“ и „Животопис на Рацин“.
На промоцијата свое обраќање ќе имаат претседателот на МАНУ, Живко Попов и академик Катица Ќулавкова.
Промотори на тритомното издание на МАНУ „Кочо Рацин“ на настанот се проф. д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на првиот том, проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, приредувачка на вториот том и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, притредувач на третиот дел од ова издание.
Промоцијата ќе биде збогатена со настапот на проф. д-р Драган Даутовски на кавал и со настапот на студентките на Факултетот за драмски уметности Лора Штаго и Ангела Пејковска кои ќе читаа стихови од поезијата на Кочо Рацин. Промоцијата ќе се одржи во 13.00 часот во амфитеатарот на МАНУ.