Ако ми кажете – ќе се повлечам“: Мицкоски чека јавноста да му ја напише оставката
Во уште еден блескав настап на одговорност без одговорност, премиерот Христијан Мицкоски денес покажа дека моралот е важен… но само ако му го побара јавноста ама он е најверојатно глув за да ја слушне, го чуваат веројатно во глува соба со дебела звучна изолација. Запрашан дали за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ – во кој животот го загубија над 60 лица – можно е да има обвинети и меѓу актуелни функционери и лица од врвот на МВР, Мицкоски дипломатски ја префрли топката: „Прашањето е за до Обвинителство, не до мене.“
Ако, сепак, некој некако успее да му се појави на премиерот на огледалото и да му каже: „Да, ти си одговорен“, тој, храбро и морално, ќе поднесе оставка. Само што, се чини, чека таа покана да стигне по препорачана пошта, со печат, и можеби уште некој потпис.
Овој модел на „одговорност по нарачка“ веќе го гледавме во неколку продолженија – од несреќи, поплави, болнички трагедии, па до урбани хаоси. Секогаш некој друг е надлежен, никогаш владата, никогаш првиот човек на владата.
Во меѓувреме, жртвите растат, прашањата се множат, а одговорите се сведуваат на познатата формула: „Не сум јас виновен, некој друг е.“ Но ако навистина му докажеме дека е одговорен – не грижете се – ќе размисли за оставка. Ветува тој, како што ветуваше многу пред избори, па после заборавил што ветил.