Покана за учество на традиционалниот семакедонски собир во чест на Јане Сандански
Со голема чест и задоволство, сите Македонци и пријатели на Македонија, почитувачи на делото на Јане Сандански и љубители на македонската култура, се покануваат да присуствуваат на традиционалниот семакедонски собор кој ќе се одржи на 27 април 2025 година во Мелник, Пиринска Македонија, Република Бугарија. Овој настан е посветен на еден од најзначајните македонски револуционери, Јане Сандански, и ќе биде одлична прилика за сплотување на македонската заедница, како и за оддавање почит на неговото наследство.
Програма на настанот:
- 10:00 часот (по бугарско време): Положување цвеќиња на гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир.
- 11:00 часот (по бугарско време): Собор кај споменикот на Јане Сандански во Мелник.
- Поставување венци и цвеќиња на споменикот.
- Прочитување говор во чест на Јане Сандански.
- Богата културна програма со македонски песни и ора.
Организатори на настанот:
- ОМО „Илинден“-Пирин
- Македонско меѓународно движење за човекови права
- ОМО „Илинден“
- Антички Македонци
- Друштво на репресираните Македонци во Бугарија
- Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“
- Друштво за заштита на основни човекови права
- Македонски дискусионен клуб за етничка толерантност
- Правозаштитен комитет „Толерантност“
Овој собир е значаен момент за сите Македонци да се соединат во славата на нашите херои и да ја зачуваат македонската култура и историја. Вашето присуство ќе биде драгоцено за целата македонска заедница, да оддадеме почит на еден од најголемите херои на нашиот народ и да ја потврдиме својата посветеност кон зачувувањето на македонската историја и култура за идните генерации. Повелете, не пропуштајте ја оваа важна прилика да бидете дел од овој историски настан!