АктуелноЛокално

Банални прашања и јавно мислење: Како анкети со незначителни прашања не одговараат на реалните потреби

Владата на Република Македонија неодамна склучи договор со маркетинг и консалтинг компанијата Маркет Висион ДООЕЛ за спроведување истражување на јавното мислење, вреден 371.674 евра.

Според спроведеното истражување на јавното мислење, чиј договор вреди 371.674 евра,се покренаа бројни прашања околу неговата ефективност и вистинската вредност на податоците кои ќе се добијат. Анкетните листови кои се користат за собрани податоци содржат серија банални и нецелосни прашања кои не само што не ја отсликуваат вистинската состојба на јавната перцепција, туку и не помагаат во решавањето на реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Многу од прашањата кои ги содржи анкетиот лист се генерализирани и не одговараат на актуелните предизвици во општеството. Прашања како: “Дали сте задоволни од работата на владата?” или “Колку сте информирани за актуелните владини политики?” се примери на банални прашања кои не даваат конкретни податоци кои би можеле да се искористат за политички промени или подобрувања во јавните услуги. Овие прашања, без длабинско разгледување на вистинските проблеми на теренот, создаваат впечаток дека истражувањето не е насочено кон решавање на вистинските потреби на граѓаните.

Во контекст на трагедијата која се случи во Кочани, каде големи пожари оставија непоправливи последици, таквите анкети не нудат начини за проценка на потребите на граѓаните во области како што е управувањето со природни катастрофи, превенцијата, и готовноста на јавните служби за итни ситуации. На пример, прашањето: “Дали сте задоволни од ефикасноста на итните служби?” е неадекватно во однос на реалните потреби. Наместо ова, анкетата треба да поставува конкретни прашања како: “Дали сметате дека системот за рано предупредување во вашата општина е доволен?” или “Какви мерки се потребни за подобрување на превентивните активности против пожари?” Овие прашања би можеле да ја отсликаат реалната перцепција на граѓаните во однос на ефикасноста на системите за заштита и безбедност.

Најстрашно од сè е што овој договор е склучен токму во деновите на жалост по трагедијата во Кочани. Додека народот тагуваше, институциите потпишуваа договори за анкети со банални прашања

За жал, анкети со такви банални прашања не само што не даваат корисни резултати, туку често и ги погрешно насочуваат јавните власти. Недостатокот на конкретност и реални податоци создаваат проблем за развојот на конкретни политики, бидејќи резултатите се премногу општи и не ги земаат во предвид реалните потреби на граѓаните.

Иако истражувањата на јавното мислење се важни за разбирање на перцепцијата на граѓаните, нивната вредност значително се намалува кога се користат нецелосни и банални прашања. Да се спроведат ефективни истражувања, треба да се изработат анкети кои ги третираат вистинските проблеми и потреби на граѓаните. Ако навистина сакаме истражувањата да имаат смисла, тие мора да бидат професионални, насочени, транспарентни и резултатите да бидат отворени за јавноста и за стручна анализа. Сè останато е само уште еден начин да се потрошат јавни пари без вистински резултат.

Z P

Zvezdanka Pesikj