АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев до Мицкоски: Вашата „вербална дијареа“ не смее да ја попречи правдата за трагедијата во Кочани

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денес на седницата за опозициски пратенички прашања, постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кој во своето излагање одговори со серија напади врз Левица, без да се осврне на суштинското прашање за трагедијата во Кочани и селективноста на истрагата.

Апасиев реагираше на изјавите на Мицкоски, обвинувајќи го за избегнување на одговорност и наведе дека неговото однесување е пример на „синдром на коза“ или „вербална дијареа“, каде што тој зборувал за сѐ освен за клучната тема. „Говорите за сѐ, само не за она што ве прашав“, изјави Апасиев.

Претседателот на Левица ги разјасни и некои обвинувања од страна на Мицкоски, велејќи дека Левица не купила цела зграда како што тврди премиерот, туку подрумски простории со приземје. Апасиев се осврна и на личните закани од Мицкоски, нагласувајќи дека ако му се поднесе кривична пријава, како што се заканил премиерот, тој ќе одговори со поднесување на кривична пријава за попречување на правдата и оддавање службена тајна.

„И ова го кажува премиер кој доаѓа од партија која е најбогата во Европа, во најсиромашната држава во Европа!“, истакна Апасиев, критикувајќи го богатството на партијата на Мицкоски, која според него, е епитом за системска корупција. Додавајќи дека премиерот не треба да зборува за поштеност додека живее во таква „илегална бела палата“.

Кон крајот на своето излагање, Апасиев ја истакна важноста на правдата за трагедијата во Кочани, потсетувајќи на податокот од 2009 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја препорачала личноста која денес е обвинител во истрагата за трагедијата, Гаврил Бубевски. „Тоа го кажува човек од партија која го препорача Гаврил Бубевски за вработување како јавен обвинител во 2009 година од тефтерчето на Гоца“, рече Апасиев, повикувајќи на целосно разјаснување на случајот.

Оваа расправа продолжува да го вжештува политичкиот дијалог во Македонија, каде правдата за трагедијата во Кочани останува клучна тема за опозицијата, додека власта и мнозинството се обидуваат да избегнат било каква дебата на оваа тема во собранието.

Целосното соопштение на партијата и говорот на /димитар Апасиев ви го претставуваме во целост: