АктуелноЛокално

Левица: Сѐ уште нема осомничени актуелни функционери за трагедијата во Кочани

И покрај тоа што јавноста очекува одговорност за трагедијата во Кочани, досега единствен осомничен останува градоначалникот Љупчо Папазов, додека другите функционери сè уште не се најдоа под истрага.

Партијата Левица остро реагираше, оценувајќи дека е скандалозно што директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, е целосно изземен дури и од морална одговорност, иако повеќе од половина угостителски објекти работеле без лиценца. Според партијата, најавените контроли на угостителските објекти од страна на инспекторатот биле неефикасни, а трагедијата во Кочани го потврдила тоа.

„Иако во градовите надвор од Скопје се вработени над 100 пазарни инспектори, евидентно е нивното непостапување сè до трагедијата“, посочуваат од Левица, нагласувајќи дека институциите се преоптоварени со партиски вработувања, а нивната основна законска должност останува без приоритет во нивното работење.

Дополнително, партијата открива дека во Тетово шест угостителски објекти работеле без лиценца, и покрај тоа што таму се вработени 26 инспектори. Ова, според Левица, е доказ за системска корупција која се повторува со секоја нова власт.

Партијата го прашува министерот за внатрепни, Тошковски, дали го штити директорот Стојкоски поради неговата политичка припадност. Од Левица бараат Стојкоски веднаш да поднесе оставка, а институциите непристрасно да утврдат дали постои и кривична одговорност во Пазарниот инспекторат.

Соопштението на партијата ви го презентираме во целост: