АктуелноЛокално

Полицаецот од обезбедувањето на Мицкоски заврши во притворот во Шутка поради оддавање службена тајна

Полицаецот Ангел Сарамаков од Велес, кој бил дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение за кривично дело „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката притвор.

Сарамаков беше уапсен во координирана акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи (МВР). При апсењето, тој бил затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице, кое засега не е опфатено со кривичен прогон.

Според изворите, при претресот во возилото, во ранец на Сарамаков биле пронајдени службени материјали од МВР. Дополнително, од двете лица биле одземени мобилните телефони, а полицијата продолжува со истрагата за евентуално понатамошно инкриминирачко дејствување.

Официјални изјави од надлежните институции засега нема, но се очекува Обвинителството и МВР во наредните денови да излезат со повеќе детали за случајот.