АктуелноЛокално

Јованов: Еколошка катастрофа без одговорност – Владата со козметички мерки за труењето на реката

Рудник кој заработува милиони евра од експлоатацијата во Македонија предизвикува еколошка катастрофа, уништувајќи река и загадувајќи плодна почва, храна и здравјето на населението. Но, наместо системско решение и одговорност, властите одговараат со минимални казни и прикривање на вистинските размери на проблемот.

Според Тамара Јованов, во нормални држави реките се сметаат за национално природно богатство, но во Македонија, дури и по голема хаварија, институциите остануваат неми. Инспекциските служби, полни со непотистички кадри, не само што не ја спречиле штетата, туку активно лажеле и го прикривале загадувањето.

Реакција дури откако скандалот излегува во јавност

Неколку недели јавноста останува без информации – ниту институциите, ниту медиумите детално известуваат за инцидентот, освен повремени објави на социјалните мрежи. Дури кога лагите стануваат очигледни, властите реагираат со „решение“ – парична казна од 200.000 евра.

Сепак, Јованов нагласува дека оваа мерка е недоволна и не одговара на сериозноста на еколошката штета. Таа посочува дека нема:

  • Кривична одговорност за оние што ја загадиле реката.
  • Одговорност за институциите што го прикривале проблемот.
  • План за обновување на еко-системот, кој е тешко оштетен.
  • Мерки за заштита на населението, кое е изложено на токсични материи.
  • Стратегија за спречување на вакви катастрофи во иднина.

Мачкање очи наместо вистинска акција

Јованов заклучува дека ова е уште еден пример на козметски пристап на власта, кој не нуди вистински решенија, туку само привремено го смирува јавниот притисок. Додека институциите молчат, граѓаните остануваат без заштита, а екосистемот без шанса за закрепнување.

Нејзиниот статус ви го претставуваме во целост: