АктуелноЛокално

Селективна правда или праведна одлика? – Апелација ја одби жалбата со која се бара притвот за екс градоначалниците на Кочани

Двајцата ексградоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев, остануваат во куќен притвор откако Апелациот суд во Штип ја потврди одлуката на Советот на Основниот суд во Кочани со која затворкиот е заменет со домашен притвор,за нивната одговорност за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март со 59 жртви од кои 6 деца, и 197 повредени од кои 25 деца.

За ставањето во куќен притвор на поранешните градоначалници на Кочани, Обвинителството поднесе жалба до Апелацискиот суд Штип и побара да остане мерката затворски притвор, но жалбата сега е одбиена.

Двајцата ексградоначалници, како и актуелниот градоначалник во оставка Љупчо Папазов, прво добија по 3 дена затворски притвор, но на 25 март Кочанскиот основен суд ги прифати жалбите на Димитровски и Илијев, како и на поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска-Димоска, па ефективниот им го замени во куќен притвор.

Тие се дел од 34-та осомничени против кои е поведена истрага за Предизвикување општа опасност, дело за кое пропишаната казна е од три до 20 години затвор. Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и за нив ја потврди мерката притвор. Меѓу нив е Папазов. За поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат Обвинителството е согласно дека мерката куќен притвор е адекватна, бидејќи во жалбата биле изнесени околности и причини за тоа.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички, три правни лица и против седум полициски службеници од СВР Штип и Полициската станица (ПС) Кочани кои давале позитивни мислења за неисправниот објект да добие дозвола од Министерството за економија. Во 30-дневен притвор се 31 осомничен, меѓу кои и тројца градоначалници на Кочани, како и групата од 7 инспектори и началници од СВР Штип и од ПС Кочани.

Покрај ексминистерот за економија Крешник Бектеши и Размена Чекиќ-Дуровиќ, одговорната во Министерството за економија за издадената лиценца за работа на „Пулс“ како кабаре.

Од високите носители на функции во притвор е и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, но не и актуелниот директор на (ДПИ), за којшто многумина сметаат дека има иста ваква одговорност, но премиерот Мицкоски повеќе пати во своите изјави го иззема од одговорност.

A S

Aleksandar Simonov