АктуелноЛокалноСтав

Крстевски: Манипулација или вистинско херојство – Како јавноста се насочува кон „спасителите“ наместо кон одговорните за трагедијата

Во ситуации на големи трагедии, јавноста често станува сведок на внимателно режиран процес на манипулација, кој има за цел да ја оттргне вината од најодговорните. Анализата на Венко Крстевски укажува на шаблонски метод со кој преку создавање на „херои“ се дефокусира јавноста од суштинските прашања за одговорност.

Процесот започнува со ширење на непроверени информации за „обични“ луѓе, чии постапки во моментот на трагедијата добиваат херојски карактер. Во конкретниот случај, тоа е дете или возрасно лице кое било блиску до жртвите на несреќата, што предизвикува емпатија и восхит кај граѓаните.

Официјални лица потоа ги препознаваат овие „херои“, нивната приказна добива институционална потврда, а следуваат и награди како чин на признание. Јавноста ги прифаќа како симбол на надеж и храброст, несвесно насочувајќи ја својата емоција кон восхит, наместо критичка анализа на одговорноста.

Со ова, власта го презема наративот и се поставува како „спасител“, користејќи ги хероите како штит од потенцијална критика. Народот, заслепен од драматично изградената приказна, ја прифаќа оваа улога на власта, пренасочувајќи го фокусот од институционалните пропусти кон приказни за херојство.

Оваа стратегија, според Крстевски, не е нова, туку проверен метод за манипулација на јавноста, каде вистинските прашања за одговорност остануваат во сенка на емоционално наметнатиот наратив.

Неговиот статус во го претставуваме во целост: