АктуелноЛокално

Јованов: Медиумски молк за законските измени – граѓаните реагираат само кога ќе биде предоцна

Предлог-законите што би можеле да спречат насилство и неправда често остануваат во сенка, а јавноста реагира дури откако ќе се случи трагедија. Ова е ставот што го изнесе Тамара Јованов, коментирајќи го односот на граѓаните и медиумите кон иницијативите за законски измени.

Таа укажува дека кога партијата Левица поднесува законски предлози во Собранието, власта ги одбива, а медиумите ретко известуваат за тоа. Но, кога последиците стануваат видливи – кога некој ќе падне жртва на системските пропусти – тогаш јавноста бурно реагира, бара одговорност и повикува на измени.

„Граѓаните, со својата незаинтересираност за политичките процеси, со своите општи критики и недостаток на организираност, индиректно придонесуваат за избор на корумпирани политичари. Токму тие политичари потоа носат лоши одлуки што резултираат со животни услови во кои е полесно да се умре, отколку да се живее“, пишува Јованов.

Таа смета дека за подобра власт и услови за живот, граѓаните треба активно да се борат, а не пасивно да чекаат промени. Наместо да се бара правда дури откако ќе се случи несреќа, Јованов повикува на политичка свест и навремено делување.

Нејзиниот стаус во го пренесуваме во целост: