АктуелноЛокално

Пожар во Струмица покрај градските гробишта

Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми.

Пожарот избувнал во реонот помеѓу населбата Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Според достапните информации, поради силниот ветер пожарот брзо се шири. Засега нема информации како избувнал пожарот.

Од Противпожарната единица од Струмица е потврдена информацијата, но за причината и деталите рекоа дека ќе бидат соопштени од портпаролот на Пожарната во текот на утрешниот ден.

Според засега достапните неофицијални информации, сите противпожарни екипи од Струмица се на терен, а напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.

Z P

Zvezdanka Pesikj