Нови Сад солидарен со Кочани – Советот изгласа 10 милиони динари помош за семејствата на жртвите
На 7-та седница на градското собрание на Нови Сад беше предложена донација за настраданите од пожарот во Кочани. Непосредно пред почетокот на Седницата се обрати градоначалникот Жарко Миќин пред медиумите којшто сподели дека на дневен ред се наоѓа помош за семејствата од Кочани.
„Би сакал да изразам сочувство до семејствата на загинатите во Македонија и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Горд сум на нашата земја, а и градот Нови Сад ќе помогне со 10 милиони динари за помош на семејствата на загинатите, доколку го усвоиме буџетот“ – нагласи Мицин пред почетокот на седницата.
Потсетуваме дека во несреќата во Нови Сад со рушењето на настрашницата загинаа 7 луѓе, помеѓу кои и Васко Саздовски од Македонија.