Симонов: Неможноста за политичка персонализација им е сигнал дека гневот е изворно народен и затоа се толку уплашени
Барањето политичка (партија) позадина, зад се што се случува деновиве на различни локации низ државата е токму за да си најдат политички противник, и преку политичко персонализирање на народниот револт, одвратат што повеќе луѓе од јавните настани на кои се бара одговорност (без разлика дали се најавени како протести, собири, одавање почит и т.н.). Неможноста за политичка персонализација им е сигнал дека гневот е изворно народен, а токму од него се плашат.
Наративот, дека ако си член на политичка партија и излегуваш на јавен настан (протест, собири, одавање почит и т.н. ) си ,,зликовец” кој прави некаква ,,злоупотреба” за политичка цел, којшто го наметнувааат токму оние што треба да понесат одговорност (вклучително и политичка) мора да се сузбие. Членувањето во политичка партија не ви го одзема правото да побарате одговорност преку појавување на јавен собир, напротив ви е дополнителна обврска.
Повикувањата да не се политизараат граѓанскиот револт после хоророт во Кочани, е повик за да се заштитат себеси од одговорност, пред се политичка!
Имено, во рака ги имаат сите форми и инстанци на власт и одат кон персонализирање на одредена „жртва“ (шести ешалон) да ја „задоволат правдата“, заштитувајќи се себе (прв ешалон на политичари) од било какава одговорност.
За разлика од инстанците на власт (што е политичка) на кои влијаат, народниот гнев (политичкото) е единственото кое може да им направи „штета“ и врз кое не влијаат. Ако политичкото им направи штета, тогаш своето влијание го губат на сите инстанци од власт. Од тој момент доаѓа време за одговорност во нивните редови, а не барање “жртва“ хиерархиски далеку пониско, напиша Александар Симонов на Фејсбук.
Неговиот статус ви го пренесуваме изворно.