АктуелноЛокално

Апасиев до Власта: Зошто го амнестирате градоначалникот на Кочани од одговорност?

Трагедијата во Кочани веројатно е една од најголемите во историјата на независна Македонија. Народот бара одговорност, но она што се гледа од изјавите на министрите и премиерот, е дека се води битка за да се заштитат своите партиски функционери, префрлувајќи ја вината на сите останати.

Лидерот на Левица денес сподели образец од пријава, согласно којшто, градоначалникот по службена должност треба да ги знае деталите за кабарето кое со години работело без исполнување на законските минимуми во повеќе сфери.

„Зошто го амнестирате ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Кочани од вашите редови (кој на секоја втора слика е истопорен до премиерот Мицкоски), а ги апсите ситните риби? Ова е образецот на Пријавата, кој согласно закон, се поднесува до него – и во случај на отворање ‘кабаре’. Значи тој, по службена должност, знаел за диско-шталата!“ – Напиша Апасиев на фејсбук споделувајќи фотографија од образецот.

Во продолжение пратеникот надополни дека граѓаните со право прашуваат зошто општинските инспектори, каде повеќе од три години власта ја имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги преземале неопходните мерки.

„Легитимното прашање е зошто тој и општинските инспектори не презеле мерки за контрола и затворање на објектот? Оти, кривични дела се прават и со несторување!“