АктуелноЛокално

Левица: Како се трошат општинските пари во КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, кој претендира веќе неколку сезони да освои барем еден трофеј во македонското првенство се соочува со сериозна резултатска криза. И покрај тоа што го има еден од најголемите буџети во државата, финансиран од Општина Битола, клубот доживува значителен пад во перформансите.

Промената на тренерот беше проследена со изјава за финансиската состојба на клубот, но без конкретни информации за спортските проекти и играчкиот кадар.

Загриженоста за недоволната застапеност на битолските играчи во КК Пелистер е исто така оправдана кај битолската јавност.

Според достапните информации, битолчани за две години во купот на Македонија одиграле 0 минути, младите таленти од Битола ретко добиваат шанса за настап во првиот тим, што можи негативно да влијае на нивниот развој и мотивација. Оваа ситуација за нас е особено аларманта имајќи предвид дека клубот е финансиран од Општина Битола, што подразбира одговорност кон локалната заедница и нејзините спортисти и млади таленти.

Исто така до нас пристигнаа информации за кои постојат сомненија дека управата на Кошаркарскиот клуб Пелистер со општински средства (опрема и финансии) помага друг клуб, конкретно КК Маџари Скопје за кој исто така постојат шпекулации дека еден од сопствениците е Марјан Илиевски кој повеќе години е дел од КК Пелистер, прво како тренер а сега како газда во сенка.

Токму затоа бараме транспаретност од страна на управата на клубот и официјално соопштение во врска со распределбата на средства и евентуалната поддршка на други клубови, доколку ова не е вистина да го демантираат!

Јавноста и навивачите имаат право да бидат информирани за начинот на кој се користат општинските средства и за стратегијата на клубот во одност на развој на локалните таленти. Транспареноста и отворената комуникација се клучни за враќање на светла иднина за битолската кошарка, велат од партијата.