Синдикатите на средба со Апасиев: Патни трошоци за работниците и зголемување на минималната плата
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов придружуван од Претседателот на СГИП и потпретседател на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски и Претседателот на АГРО Синдикатот Игор Китаноски остварија средба со Пратеникот Димитар Апасиев, како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на негова покана.
На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на правата и стандардот на работниците, при што стана збор и за евентуални интервенции во закони кои ја покриваат оваа област.
Истовремено се разменија мислења околу Законот за работни односи, во насока на предвидување исплата на патни трошоци за работниците како и за потребата од зголемување на минималната плата.
Сојузот на синдикатите на Македонија и во наредниот период со засилена динамика ќе продолжи да ги пренесува барањата на работниците.