Мојсоска: Уставниот суд поништува одлуки само кога џебот на крупниот капитал е „оштетен“ – Кога е оштетен буџетот на државата носи смешни препораки
Како бе Уставниот суд донесе поништувачка одлука за данокот на големите компании (и ја задолжи државата да им исплати 50 милиони евра), а за измените на Кривичниот законик со кој застареа дела на 80 функционери на ДПМНЕ – донесе препорака Собранието да усвои измени на КЗ во наредните 6 месеци?!
Па, нели од застарувањето на кривичните дела е оштетен и државниот буџет? Или само кога е оштетен џебот на крупниот капитал, тогаш Уставниот суд поништува одлуки.
Напиша пратеничката од Левица, Јована Мојсоска на својот Фејсбук.