АктуелноЛокално

Исмаил до Бендевска: Вие како транзициска профитерка и побегуља јасно е дека имате идеолошка конфузија

Говор на Потпретседателот на Левица – Реџеп Исмаил на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, по однос на обидот ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да ја саботираат Надзорната расправа за загадувањето на воздухот:

Оваа расправа ја почнавте по барање на пратеник којшто не побарал да се свика оваа комисија. Вие апсолутно не знаете зошто ја свикавте. Вие сакате само да ја саботирате закажаната Надзорна расправа за загаденоста на воздухот на Постојаната анкетна комисија.

Ние не можеме поганите дела поинаку да ги ословиме освен со погани соодветни зборови. Како поинаку очекувате да ја констатираме фактичката состојба на делата на криминалците? Или треба да ги претставиме како ‘Том и Џери’ за да не ги навредиме. За да не ве навредат треба да престанете да ги правите тие дела. Во крајна линија, за делата одговараме! Делата се тие коишто ја креираат оваа состојба.

Свикана е постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Почитувана колешке Бендевска, поради тоа што е за ‘слободите и правата на граѓанинот’ е одтаму е уставна комисија. Слободите не можете да ги ограничите ни со законски измени. Од таму е уставна комисија и од таму има супра елемент!

Зошто спорите дека оваа тема е несоодветна за оваа комисија? – Затоа што сте транзициска профитерка, ‘побегуља’ од социјал-демократска партија во десница! Тоа е доказ дека немата поим од идеолошка нит на работите. Колешке Бендевска, чистиот воздух е иманентно човеково право!

Јас со 20 други пратеници сум побарал да има Анкетна комисија и од таму тој е должен да ја свика. Тој ако ви удоволи вас, тогаш мене ќе ми прекрши право, ме разбирате? Додавате дека имало други министерства, други институции задолжени за аеро-загадувањето. Па вие слободно можете да разговарате на таа Комисија за животна средина што направил вашиот Изет Меџити. Слободно, тоа не ве ограничува, да нема тука јавна расправа за чистиот воздух како иманентно човеково право.

А ние, на оваа расправа, сакаме да докажеме дека ова е и обврска на државата и од таму да го повикаме на одговорност! Не само Меџити, туку и другите што работат во тие институции, што имаат должност да се грижат за воздухот. И оние што го загадуваат воздухот, и оние што не казнуваат за тоа.