(Видео) Левица: Пратениците не се откажаа од енормните суми за патни трошоци – Одбиен законот на Левица
Говор на Амар МЕЦИНОВИЌ по однос на Предлог-законот за кратење на патните трошоци поднесен од пратеничката група на Левица:
Нудиме насушно потребно ограничување на патните трошоци. Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае по достоинството на Собранието, на пратениците и довербата во институциите во политичкиот систем.
Пробуваме да го вратиме она што некогаш народот го имаше, а тоа е политичка моќ. Овие денеска, кои ја владејат државата, ДПМНЕ, токму нивниот министер и фридманист, ги укина потребните обврски кои работодавецот треба да ги исполни со своите работници – Трајко Славевски како министер од ДПМНЕ, ги укина патните трошоци за работниците, за сега, само тие да имаат било какви привилегии.
И затоа што политичките партии овие денови, да си ја исперат својата ненаситна лакомост, и покрај тоа што народот знае дека ги ЗЛОУПОТРЕБУВААТ трошоците и во ментална гимнастика пробуваат да го наметнат тоа како неопходно и нужно за работата на пратениците, а како популистички трик на Левица – ние ви нудиме конструктирвна равенка. Да беше популистички ќе ви поднесевме повторно укинување на патните трошоци.“
Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци на пратениците и ќе продолжат со злоупотреба и наплаќање на енормни суми!