АктуелноЛокално

Почина Игор Југ – не ја дочека слободата ветувана од Мицкоски

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12-години затвор. Веста ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов. На Југ му се слошило додека бил дома поради влошено здравје. Се претпоставува дека починал од срцев удар.