АктуелноЛокално

Мециновиќ: Наместо штит за слабите, правото е инструмент на моќните

Правото е инструмент на моќните, наместо штит за слабите!

Случаите на селективната правда кои го потресуваат народот, од време на време, се изблик на вистината за СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ во општеството.

Корупцијата е продукт на општество изградено по мерка на најмоќните, за правилата да ги одредува класниот и социјалниот статус, наместо општествениот договор. Правосудниот систем е ОРУДИЕ во нивните раце – за заштита на нивниот статус како моќници кои нема да подлежат на истите правила и санкции како обичните луѓе.

Структурите на моќ се ригидни и силни токму затоа што штитат малкумина наспроти мнозинството. Бројноста е најсилниот адут на обичните луѓе и најголем проблем за овој гнил систем, напиша на Фејсбук народниот пратеник од Левица Амар Мециновиќ.