АктуелноЛокално

Зошто и Како пропадни ски-центарот Кожув којшто беше отворен во 2008 година?

  • Пишува Никола Петров- Советник од Левица во Општина Гевгелија

Деновиве многумина вмровци се возбудени од отворањето на новиот ски центар во Кавадарци, и го воспеваат со секакви пофални зборови градоначалникот од ДПМНЕ Митко Јанчев за оваа работа.

Но, има едно “Но”, кој не го знаат или не сакаат да го слушнат.

А тоа е дека претходно требаше да биде уништен друг ски центар, за да Митко Јанчев го отвори новиот ски центар Михајлово во Кавадарци. Уништен е ски центарот Кожуф, Гевгелија.

Ски Кожуф почна да се гради 2006 година и се изгради како најмодерен ски центар на Балканот со првата шестоседна жичара, ратраци, ски патеки во должина од 20 километри, машини за вештачки снег, комплетно комунално уредени градежни парцели, изградени ресторани и друго.

Кога во 2008 година се отвори центарот, над 20 илјади скијачи уживаа на скијачките патеките на Кожуф. Градот Гевгелија вриеше од туристи од секаде тие зимски денови, за кои и лично сведочам.

Скијачкиот центар Кожуф беше најголемата капитална инвестиција тогаш, која донесе дополнителна вредност за економијата во градот. (казината не ги сметам за капитални инвестиции).

Кога се виде дека Ски Кожуф има потенцијал за да стане најголем на Балканот и југоисточна Европа, се тргна во негово уништување. Општина Кавадарци престана да издава градежни дозволи за градби на хотели, викендици, ресторани, на инвеститорите. Тие што купија плацеви, не можеа да изградат на нив. Никола Груевски, тогашен премиер од ДПМНЕ, додели 2 концесии за отварање на рудници на злато, при што и двете концесии беа околу и го блокираа ски центарот. Плус ЈП за државни патишта престана да го одржува регионалниот пат кој водеше до скијачкиот центар, при што истиот чија изградба чинеше 8 милиони евра почна да пропаѓа.

Така, тогашната влада на ДПМНЕ го “реши” Ски Кожуф, и со нејзина помош се уништи надежта на општина Гевгелија и туризмот во Македонија за еден модерен и најголем скијачки центар на Балканот.

Денес, истите од ДПМНЕ, се фалат за “успехот” на Митко Јанчев за изградбата на делеку помалиот скијачки центар Михајлово.