Мециновиќ: Европарламентарци сметаат дека условите за Македонија поставувани на нашиот пат кон ЕУ се потполно нефер и необјективни
Статус на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ:
Низ разговори со европарламентарци и партии од ЕУ на настанот во Кина, заклучив две работи:
Генерално постои консензус дека условите кои низ децениите и беа поставувани на Македонија се потполно нефер и не се однесуваат на објективните услови за пристапување во ЕУ и дека Македонија може да најде партнери низ континентот кои ќе бидат позитивно наклонети кон нас.
Земјите во ЕУ ги контролираат своите клучни капацитети и ги развиваат дополнително: како електродистрибуцијата, телекомуникациите, гасоводите, нафтоводите и тн.
Левица може да одговори на двата предизвици, како за рехабилитација на меѓународната положба на државата во Европа, така и за управување со клучните елементи на државата во поглед на јакнење на јавниот интерес. Претходно СДС ни покажа како се приватизира ЕСМ, а сега ДПМНЕ како еден цел енергетски ресор се инструментализира за задоволување на приватен интерес.
Секојдневниот живот на нашиот народ, со сите недостатоци и маки го предизвикуваат трансферите на власт помеѓу двете безидејни партии на олигархијата.