Германски „Бош“ најави укинување на работни места и намелен број работни часови
Германската компанија „Бош“, која е една од најголемите светски добавувачи на авто делови, најавила дека ќе го намали бројот на работните часови, но и платите на околу 10,000 работници во Германија, пренел Ројтерс.
Најавата доаѓа после веќе најавените намалувања на платите и покрај илјадниците откази кои компанијата ги најавила во петокот.
Oд компанијата во петокот најавиле укинување на 5,500 работни места, еден ден откако од компанијата било соопштено дека ќе им се скрати работното време на 450 вработени. На вработените кои во главно имаат договори на од 38 или 40 работни часа, работното време ќе им биде намалено на 35 часа, рекол портпаролот на компанијата.
Забавувањето на производството во германскиот автомобилски сектор ја погодило и компанијата Фолксваген која е во ескалирачки спор со работниците поради плановите за затворање на погони во Германија, а погоден е и Мерцедес, кој обвјавил дека ќе направи поголемо намалување на трошоците.