АктуелноЛокално

Концерт на Next to Silence во Културно информативниот центар Скопје

Вечерва (19.11.2024),во Културно информативен центар Скопје, Салон 19:19 со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт на Next to Silence.

Next to Silence е македонски џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат заедно во разни формации. Оваа музичка група фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во конкретни категории и истовремено интерактира со духовни и саркастични елементи. Поради својата посветеност да изгради сопствен звук, овој бенд има привилегија да ја издава својата авторска музика за престижната етикета на Скопскиот џез фестивал, што овозможува врвна афирмација на нивната звуковна уметност. Во таа насока излегува и нивниот последен албум за СЏФ Рекордс, именуван како Рух, а кој е мошне добро прифатен меѓу слушателите, и особено меѓу музичката критика која направи неколку осврти на ова комплексно музичко дело. Нивната умешност, сублимирана и во ова најново издание, не ретко е манифестирана и на нивните бројни настапи, што воедно ќе биде можност да се посведочи и на концертот во КИЦ – Скопје. На овој настап, освен материјалот од Рух, Next to Silence во репертоарот ќе вклучат композиции и од нивниот претходен албум „…“

Кирил Кузманов – саксофон

Ади Имери – гитара

Филип Димишковски – клавијатури

Драган Стојковски – бас гитара

Гоце Наумов – барабани