Актуелно

(Видео) Крмов: Гаши е новиот Џафери го попречува правото за пратенички прашања на Левица

По стапките на Џафери, новиот собраниски спикер Гаши повторно го ускратува правото на опозициската Левица да поставува пратенички прашања! Во процедуралното обраќање пратеникот Борислав КРМОВ истакна дека анти-демократските постапки на СДС ги продолжува ДПМНЕ со засилено темпо.

Кога ние се договоривме за редоследот на координација? – Не се договоривме! Или требаше во понеделникот на координацијата да се договориме, или требаше да имаме ад-хок координација, за да се договориме за редоследот.

И сега повторно е прекршено правото на Левица, исто како во претходниот мандат, да поставува пратенички прашања. Сега нашиот прв говорник, Претседателот Димитар Апасиев е ставен седми по ред, иако треба да биде ставен четврти.

Сега, претпоставувам како одмазда за кривичните пријави што ви ги пушти Левица, наместо на четврто место не ставате на седмо. Повторно се продолжуваат лошите пракси, ние добивме нов Талат Џафери, сега со блажена насмевка.