Давкова го помилуваше и Шенол-братот на Шенки Маслани фанатикот на брендот „Версаче“
Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова вчера го помилуваше Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки кој од глава до пети е облечен во „Версаче“.
Шенол Маслани се најде во полицискиот билтен во 2019 година по спроведена акција на полицијата.
Тогаш полицијата се сомневаше дека тој е еден од 12 члената група која се заканувала на полициски службеник, пуштала во промет дрога и поседувала пушки и пиштоли. Но против него тогаш не беше поднесена кривична пријава.
Во јавноста попознат е неговиот брат „Шенки Версаче“ кој е сопственик на кафе барот „Версаче“. Логото на „Версаче“ го става на автомобилите и фасадата на куќата, а ги полнеше трач рубриките како следбеник на брендот со потрошени стотици илјади евра.
Шенки Маслани пак преку друштвени мрежи се закануваше и на новинари по што МВР тогаш му поднесе кривична пријава. Подоцна го призна делото.
„На 02.12.2022 во 22.40 часот во Скопје, полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ш.М.(31) од с.Арачиново, скопско“, рекоа тогаш од МВР.
Тогаш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека точно знаат во Арачиново која е групата.
„Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кои возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија“ рече тогаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при негова посета во Бутел.
Но, на сето ова возврати и Шенки Версаче.
„Мицко, Арачиново нема криминалци, тебе ти е гори затоа што Арачиново го изгоре режимот, но и тебе ќе ти гори, во Арачиново, 99 проценти се домаќини луѓе“ напиша Шенки.