Културен амалгам вечерва во Културно информативен центар – Скопје
Вечерва 9.10.2024, со почеток од 18 часот во Културно информативен центар – Скопје,Салон Империјал 2 ќе се одржи КУЛТУРЕН АМАЛГАМ: Завршна средба со авторите Никола Јовановиќ и Саша Станишиќ.
На 23.7.2024, во 20 часот се отвори првото издание на Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ во Културно информативен центар – Скопје со што започна патувачкиот дел низ сродните установи низ Македонија и тоа: Домот на културата „Лазар Софијанов“, Кратово; „Спомен Куќа ТОДОР ПРОЕСКИ“; Крушево и Културно информативниот центар – Битола. Оваа среда повторно се враќаме во Скопје за да го заокружиме и затвориме фестивалот.
На затварачкиот настан ќе имаме прилика да се сретнеме со уметниците кои учествува на фестивалот, режисерот на филмовите “Митот за Сара”, “Мангава диско панк” и “Долу од рајот” Саша Станишиќ и авторот на изложбата „24“Никола Јовановиќ. Присутните ќе имаат прилика да разговараат со авторите и да им постават прашања во врска со нивната работа. На настатнот накратко ќе се осврнеме и на искуствата од оваа мини уметничка турнеја и за плановите за следното издание.
***
Во својата основа фестивалот имаше за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија преку поставување темели на соработка и градење на културна свест во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативнит центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.