ЕУ

Одреден е датумот за судењето на Фон дер Лејен за скандалот со вакцините за „Ковид-19“

Претседателката на Европската комисија е осомничена дека ги криела приватните СМС пораки кои наводно ги разменила со извршниот директор на „Pfizer“.

Европскиот суд на правдата ќе расправа за случајот на 15 ноември во врска со начинот на кој претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен постапувала со набавката на вакцините за Ковид-19, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи анонимни извори. Одборот од 15 судии, ќе разгледа дали таа незаконски ги криела приватните текстуални пораки што наводно ги разменила со извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.

Во екот на пандемијата, комисијата се залагаше за колективно купување милијарди вакцини и нивно дистрибуирање меѓу земјите-членки на ЕУ кои се бореа со Пандемијата на Ковид-19. Во 2020 и 2021 година, Брисел склучи договори со производителите на вакцини во износ од приближно 2,7 милијарди евра (2,95 милијарди долари).

Се верува дека Фон дер Лајен одиграла клучна улога во организирањето на набавката, а критичарите тврдат дека преговорите не биле доволно транспарентни.

Во својата статија од понеделникот, Фајненшл тајмс забележа дека Големиот совет на судот на ЕУ, кој наводно ќе ги одмери доказите, обично се занимава со сложени или особено важни случаи.

Во јануари 2023 година, Њујорк Тајмс ја тужеше Европската комисија откако таа тврдеше дека ги нема наводните СМС пораки на Фон дер Лајен, кои американскиот весник ги побара како дел од барањето за слобода на информации.

Според медиумот, Бурла потврдил дека тој и Фон дер Лајен навистина размениле приватни пораки и дека претседателот на Европската комисија му кажала дека таа лично била вклучена во преговорите за договорите за купување вакцини.

Додека NYT инсистираше на објавување на наводните комуникации, Фон дер Лејен тврди дека таа избришала поголем дел од размената со Бурла.

Следниот месец, судот на ЕУ се очекува да ги праша претставниците на комисијата дали пораките како суштината на случајот некогаш постоеле и ако е така, дали и зошто подоцна биле избришани, објави ФТ во понеделникот.

Во посебен случај во средината на јули, општиот суд на ЕУ пресуди дека Комисијата сокрила детали за повеќе милијарди евра зделки за вакцини против Ковид со „Pfizer“ и „AstraZeneca“ без легитимна причина. Во 2021 година, група европратеници побара пристап до релевантните документи за да се увери дека јавниот интерес бил заштитен и дека членовите на преговарачкиот тим на ЕУ немале конфликт на интереси.

Комисијата само се согласи да објави преработена верзија и одби да ги открие идентитетите на членовите на преговарачкиот тим. Пратениците потоа го изнесоа ова прашање на суд.