Левица гласаше против зголемувањето на цената на градинките во Карпош

На денешната седница беше изгласано зголемувањето на цената за згрижување на децата во сите градинки на територијата на Општина Карпош, од 1490 денари на 2000 денари месечно!

Ова ќе претставува дополнителен удар врз месечните трошоци на голем дел од граѓаните, а посебно за оние кои доаѓаат од многудетни семејства, и од социјално ранливи групи.

#Левица беше единствената политичка партија, чии советници гласаа ПРОТИВ ова покачување!

Сметаме дека Карпош, како една од општините со најголем буџет, нема потреба да побарува дополнителни средства за оваа намена директно од граѓаните, бидејќи и онака обезбедува доволно средства преку Републичкиот буџет!

За нас е неразбирливо како советниците на СДСМ, ГРОМ и Независни заклучија дека се работи за економски и социјално оправдана одлука, во услови на изразена економска криза во државата!

Зачудувачки, ДПМНЕ останаа глуви и воздржани при гласањето и покрај ветувањата кои самите ги даваа со цел да дојдат на власт!

Единствено Левица останува доследна на ветувањата да ги застапува интересите на работничката класа и социјално загрозените граѓани. Промени на подобро се МОЖНИ само преку масовна народна поддршка, се вели во соопштението на партијата.