Левица: Новиот директор на ПИОМ според ДПМНЕ бил вмешан во најголемиот криминал после приватизација

Поранешниот член на СДСМ, сега успешно интегриран во ЗНАМ – Никола Мемов, е именуван за нов директор на Фондот за ПИОМ.

Мемов, освен по тоа што е познат во јавноста како долгогодишен активен член на СДСМ и близок човек на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, како и на тогашното раководство на СДСМ, директно е вклучен и во скандалот којшто ја брануваше јавноста пред неколку години, а се однесува за добиен грант од неколку стотици илјади евра од Фондот за иновации (ФИТР) на непостоечка фирма (во која наводно тој бил ангажиран како консултант).

Во времето на Владата на Зоран Заев, преку Фондот за иновации се доделија средства за околу 80 проекти, за кои имаше ДПМНЕ како опозиција обвинуваше дека сите се доделени на фирми блиски до СДСМ и до нивниот коалиционен партнер ДУИ, меѓу кои и одредена фирма, во која токму Никола Мемов бил ангажиран како консултант.

Токму ДПМНЕ, како опозиција, јавно реагираше Јавното обвинителство да истражи за каков проект ги добил средствата и дали Мемов го искористил познанството со раководството на СДСМ за да влијае за добивање на грантот. Партијата на Мицкоски, сега од позиција на власт, наместо институционално спроведување на истрага за евентуална злоупотреба од страна на Мемов, истиот го наградува со тоа што го назначува да раководи со еден од клучните и најголем фонд во државата – ПИОМ.

Повеќе од очигледно е дека „новите лица во политиката“, коишто ги промовираше лидерот на ЗНАМ – Максим Димитриевски, не само што не се нови, туку се и со огромен политички багаж. Прешалтувањето од партија во партија им обезбедува неказнивост и партиципација во делењето на државниот колач, коешто го раководи ДПМНЕ и со тоа сегашната власт успева во своите редови да ги акумулира политичките отпадоци од владите на Заев, Груевски, Црвенковски и Георгиевски.

Ова е само уште еден од примерите на широка коалиција во која ДПМНЕ, преку ЗНАМ успешно ги акумулира истрошените кадри на СДС.

Сето ова го заокружуваат деструктивните антидржавнички политики кои беа втемелени од Владата на ЗАЕВ, по што преку одредени законски решенија, неказнивост и наградување со функции, денес сведочиме како ДПМНЕ, она што го карактеризираше како национално предавство, од позиција на власт го реализира во целост.