Интернационално

Синот на атентаторот на Трамп уапсен поради детска порнографија

Обвинителите рекоа дека Оран Рут имал „стотици“ видеа и фотографии во кои се прикажани сексуално експлоатирани малолетници.

Синот на човекот кој е обвинет за обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е приведен во Северна Каролина поради поседување детска порнографија, според локалните обвинители.

Судските записи покажуваат дека Оран Александар Рут бил уапсен во вторникот, откако бил обвинет за примање детска порнографија и поседување детска порнографија.

Според јавните податоци, Оран Рут (35) е син на Рајан Весли Рут, кој во вторникот беше обвинет за обид за атентат на Трамп во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида во средината на септември. Рајан Рут се соочува со неколку други обвиненија поврзани за нелегално поседување огнено оружје. 58-годишникот, кој е отворен поддржувач на Украина и осуден престапник може да биде осуден на доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен.

Висок американски функционер за спроведување на законот потврди за „NBC News“ дека двајцата се татко и син.

Според жалбата, домот на Оран Рут во округот Гилфорд бил претресен во саботата „во врска со истрага која не е поврзана со експлоатација на деца“.

Портпаролот на локалното американско обвинителство изјави за „ABC News“ дека станува збор за истрага против таткото на Рут.

„Стотици“ досиеја кои покажуваат сексуална експлоатација на малолетници беа откриени на два телефони Самсунг во резиденцијата на Оран Рут, соопштија обвинителите.

Материјалите на првиот уред вклучуваа „видеа од позната серија детска порнографија создадена надвор од државата Северна Каролина“ на маж со „препубертетско“ девојче на возраст под 10 години, се вели во жалбата.

Вториот телефон содржел повеќе нелегални видео-датотеки, при што на една од нив е прикажана жена со девојче на возраст меѓу 6 и 8 години.

Обвинителите рекоа дека на уредот била инсталирана апликација за пораки што „најчесто ја користат поединци кои дистрибуираат и примаат детска порнографија“. Од тој телефон беше препратена порака во која се бара преглед на дигитална содржина за продажба, а како одговор беа испратени две досиеја на возрасни кои учествувале во сексуални дејствија со малолетници, додаваат тие.

За време на претресот, агентите на ФБИ, исто така, заплениле кокаин, МДМА и кетамин во домот на Рут, што доведе до тоа и тој да биде обвинет за поседување дрога.

Според „NBC News“, најмалку 39 кривични случаи се поднесени против Оран Рут во Северна Каролина во период од 17 години. Тој претходно беше обвинет за повеќе сообраќајни прекршоци, поседување нелегална дрога и напад на женско лице, поради што во 2018 година доби 18-месечна условна казна.