Левица: Паралелната „албанска“ академија на науките уште еден чекор кон федерализација на Македонија
Зеќирија Ибрахими, новиот претседател на партијата Алтернатива, која што е дел од владиното мнозинство најави дека сепак ќе формираат паралелна академија на науките и уметностите. Според изјавата на наследникот на Африм Гаши, за почеток истата би била финансирана од четири општини: Чаир, Тетово, Гостивар и Желино, а во меѓувреме би работеле на нејзиното озаконување!
Иако Ибрахими не гледа ништо спорно во обидите за формирање паралелни институции, факт е дека во ниту една унитарна држава НЕ постојат две паралелни научни академии, затоа што науката не смее да биде заложник на етнички концепти. Ваквите етно-шовинистички барања само ја продлабочуваат веќе длабоко наметнатата бинационална држава и дополнително водат кон федерализација!
Секој ден станува сè поочигледно дека коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту желба, ниту концепт, ниту капацитет за подигање на квалитетот на живеење и придвижување на општеството напред и дека единствено работат на реализација на големоалбанските аспирации, по цена на секојдневно газење на Уставот и Законите.
Во име на коалицијата, ДПМНЕ наместо да обезбеди враќање на „де факто“ уништената унитарноста на Македонија, тие придонесува за натамошна дезинтеграција на општеството спроведена од коалициските партнери, што ги прави соучесници. Идејата за паралелна албанска академија се случува истовремено кога Бугарија има целосно право преку историската комисија да го определува текстот во македонските учебници и цензурира историски и научни вистини.
Левица ова го оценува како еден од обидите за поткупување на веќе нарушениот унитарен карактер и државен суверенитет! Најостро ја осудуваме етно-трибалистичката политика која го јаде државниот систем, труејки ја секоја клетка на општеството со насилна албанизација. Ги повикуваме сите политички субјекти да се спротивстават на политиката, која неминовно ја претвора државата во бинационална, со тенденција за целосна нејзина поделба, велат од партијата.