Став

Стефановска: Џамијата дивоградба во Нерези Стевче Јакимовски свечено ја отвори и тоа беше прикажано како пример за толеранција, за разлика од црквата во Галате

Фејсбук статус на Јована Стефановска:

Џамијата во населбата Нерези која беше дивоградба, нелегално изградена без соодветна градежна дозвола, Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош, на 15 декември 2022 година свечено ја отвори. Со тоа патриотот Стевче си ги зацврсти ” бизнис” врските со Пуцко Петрол и Фатмир Етеми.

Ова беше оценето како пример за меѓу верска толеранција. Сите диво изградени џамии, минариња, споменици на УЧК, дивоградби на албански мафијаши, неплаќање даноци, струја…. се толерираат за да нема меѓу етничка тензија.

Ама затоа расчистување на двор во црквата Св. Петка во Галате ги крена на нозе инспекторите и градоначалникот на Врапчиште. Лани истото сценарио го гледавме и со крстот кој беше поставен на земјиштето на црквата ” Свети Наум чудотворец” на Попова Шапка за кој и инспекторите од Тетово од ДУИ поднесоа решение за рушење. Ова немаше да ги возбуди Македонците да важеа законите еднакво за сите. Очигледно е дека се работи на етничко чистење со години наназад.

Новопечените албански политичари од ДУИ и ВЛЕН се пред се’ тешки криминалци кои за да си го олеснат криминалот го насочуваат населението со албанско етничко потекло кон тероризам, необализам и муслимански фундаментален радикализам. Полесно се краде кога нема соживот и правна држава.

Македонците кои ги бирате последните три децении, кои се вдадоа во криминал и лично богатење на штета на сите граѓани во Македонија се криви за ваквиот исход.

Со ова не подгревам меѓу етничка тензија, туку ја тврдам реалната состојба. Доколку има некој да ме демантира слободно нека повели.