„Портрети од темната комора“ – Изложба на фотографии од Зденко Петровски

Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, 13 септември, 20.00 часот

Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве ве покани на отворањето на изложбата на фотографии од Зденко Петровски насловена „Портрети од темната комора“

Оваа изложба на Зденко Петровски е прошетка низ едно време, раст низ еден живот или развој на едно општество. Изложбата е сведоштво на лицата од последните три децении на минатиот век каде што можат да се читаат и младоста и урбаноста, и пркосот и стравот, и создавањето и распадот, и животот и смртта која се доближува. Фотографот Зденко Петровски го испишува или го архивира движењето на ликови низ времето, на времето низ просторот, од почетокот на детството па сѐ до крајот. Тоа играње на уметникот со хронотопот низ овие триесет аналогни портрети ни дозволува да запознаеме или да се потсетиме на триесетте години на генерации кои сега со носталгија зборуваат за своето време. Поставката е потсетување на времињата во кои не живееме.

Андреј Медиќ Лазаревски

Изложбата ќе биде отворена до 30.09.2024 година.

https://www.facebook.com/share/HP33Uo3JYqvDKoiT