Левица-Ѓорче Петров: Упорноста и соработката со жителите вродува со плод

  • Соопштение на Левица-Ѓорче Петров

На почетокот од советничкиот мандат, до нас како претставници на Левица, пристигнуваа разни поплаки од разочарни жители на општина Ѓорче Петров. Нивната разочараност произлегуваше од долгите процеси што ги воделе со општинските административци, безразлика под чие раководство била Општината во даден период.

Деновиве сме сведоци на асфалтирање на ул. 51 во населбата Стопански Двор – нешто за што грчевито се боревме и залагавме цели две години.

Секогаш како контра аргументи на нашите тврдења дека Општината има селективен пристап кон реконструкцијата на локалните улици, добивавме одговор дека таму не е изводлива реконструкцијата од “технички причини”.

Упорноста на дел од жителите со кои контактиравме ни даваше надеж дека ќе успееме и дека овие луѓе после долги години поминати во мрак, конечно ќе добијат пристојна и осветлена улица.

Притисоците вродија со плод, а денес на улицата се изведуваат градежни работи.

Овој позитивен пример нѝ покажува две работи: дека упорноста се исплати и дека на крајот сепак ние победивме!

Доколку градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ овој мандат го тргнеа каприцот настрана и се однесуваа како вистински претставници на жителите на Ѓорче Петров, односно доколку bona fide прифатеа барем дел од иницијативите поднесени од Левица – Ѓорче Петров досега ќе беше многу поубаво и похумано место за живеење.

Како Левица, ниту едно дадено ветување спрема граѓаните не го забораваме и продолжуваме да се бориме за реализација на мерки од нашата програма, како и решавање на проблеми од секојдневието на граѓаните, дури и од позиција на опозиција.