Трим патеката во Кисела Вода пренаменета за водени спортови

  • Реакција на Левица Кисела-Вода

Ова е трим стазата во Кисела Вода која се протега од Тутунски Комбинат па се до Жито Лукс изградена во минатото. Сегашноста е сосема поинаква, на одредени места жителите ќе мора да облечат рибарски чизми за да се движат по патеката.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во својата предизборна кампања вети трим патека за пешаци и велосипеди во должина од неколку километри која ќе се протега од населба Пржино до населба Драчево и назад до Тутунски Комбинат. За жал до ден денеска нема изградено ниту еден метар патека, но затоа на постоечката патека имаме доволно вода за да вежбаме водени спортови.

Време е одговорните во Општина Кисела Вода да излезат на терен и да го санираат тоа што е веќе изградено, а за нивната програма, очигледно ќе треба да се почека за некое идно време.