Мециновиќ: ЗНАМ го поддржа Гаши во газење на Уставот

Реплика на пратеникот, Амар Мециновиќ, до пратениците од ЗНАМ, кои не ја поддржаа интерпелацијата против Африм Гаши:

Вие велите: ‘Погазен е уставот, но, сепак, Гаши ја има нашата поддршка!’ И што е сега целата поента?

Ова е фолирање просто! Ако сметате дека е прекршен Уставот, по однос на работите кои вие ги изнесовте овде, тогаш треба да ја поддржите интерпелацијата. Но вашето ретерирање, иако сметате дека е така, е само резултат на долгогодишната соработка, којашто ја имате со ВРЕДИ, која започнува со Меморандум за соработка во Општина Куманово и за делење на политичкиот плен за вработувањата во Општината.

Поддршката за Африм Гаши е затоа што вие заемно се поддржувате со години. Таа политичка соработка е опортуна и вие сакате таа политичка соработка да продолжи! Таа е простата логика.

Како може да сметате дека Претседателот на Собранието го погазил Уставот, но, сепак, да продолжувате со вашата поддршка за Претседателот на Собранието? Како е можно, ако не се опортунистички, лукративни причини позади тоа?!