АктуелноЛокално

Левица: Таравари врши притисок врз судовите – обвинетите за тероризам да се изнесат пред лицето на правдата

Блерим Рамадани, обвинет за воени злосторства беше ослободен од притвор од Основен кривичен суд – Скопје којшто одби припадникот на ОВК да го екстрадира во Србија! За ослободувањето на обвинетиот Блерим Рамадани за тероризам од Кривичниот суд заслугата си ги припиша коалицијата ВРЕДИ, чиј лидер вели дека ја исполниле мисијата. Со ова, Таравари јавно призна дека власта врши притисок врз судството!

⚖️ Ова само јасно покажа на јавноста дека врз судските органи повторно е правено притисок од коалицискиот партнер на ДПМНЕ! Судската одлука во најмала рака е скандалозна и со истата се испраќа порака дека неказнивоста (како еден од најсериозните општествени проблеми) останува принцип на работа на нашиот правосуден систем и сериозно влијае врз стимулација и охрабрување на криминалците.

⚠️ Потсетуваме дека претходно Врховниот суд донесе одлуки за ослободување на припадници на ОВК барани по потерница распишана од Република Србија. Стануваше збор за Гафур Дуголи (2016) и Томор Морина (2019), по што следеше остра реакција од српските власти.

🚨 Врз одлуката на Кривичниот суд гледаме како на директен удар врз правдата и праведноста! Цениме дека обвинетиот треба да седне пред истражните органи и доколку навистина е невин да го докаже тоа. Врховниот суд, по ова прашање ќе ја соопшти својата одлука на 16 август.

#Левица стои на ставот дека екстрадицијата на Рамадани е неопходна за да се задоволи правдата и да се покаже дека Македонија е правна држава која не толерира тероризам и неказнивост! Ги повикуваме сите релевантни институции да делуваат соодветно, затоа што со одбивање екстрадицијата на лица обвинети за тероризам, нема да се врати интегритетот и довербата во правосудниот систем!