Левица – Велес бара итна седница на советот на Општина Велес за спас на езерото Младост

Согласно извештајот од Хидробиолошки завод-Охрид со бр.03-230/1 од 18.07.2024год. водата во езерото Младост како и целиот локалитет се наоѓа во загрижувачко алармантна состојба и сите вредности од физичко – хемиски аспект укажуваат на нефункционалност на овој езерски екосистем.

Дополнително во извештајот е наведено дека водата е ризична за опстанокот на живиот свет во акумулацијата, ризична по здравјето на капачите, како и за останата намена за потребите на хуманата популација.

Поради овие причини сметаме дека е итно потребна вонредна седница на која ќе се разгледа извештајот од Хидробиолошки завод-Охрид како и информација од Државниот инспекторат за животна средина за извршениот вонреден надзор над правни субјекти во околината на езерото, како и на ЈКП Дервен кој управува со Регионалниот колектор за фекална канализација за населените места Кумарино, Сојаклари, Отовица и Сателитска населба на езеро Младост, гласи соопштението на локалниот огранок на Левица од Велес.