Владата на Мицкоски дала наредба да се растера народот за да продолжи со работка Бехтел и Енка?

После речиси две години трубење на Мицкоски и ДПМНЕ, како ќе го раскинат договорот со Бехтел и Енка, како тој е „душмански штетен“ и криминален за Македонија, дочекавме владата на ДПМНЕ да удри по народот, и најави разбивање на толпата која што го блокира патот, со цел да овозможи на конзорциумот непречено да работи,

„Сакаме да ве известиме дека утрово имаме една нова ситуација од штотуку устоличената власт. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) решило овде, на нашата барикада, утрово да ни испрати поголем број полицајци од Прилепската станица и бевме известени дека се подготвени, ако треба, и насила да ја разбијат барикада и да продолжат со ископот над селото Ореовец, каде се наоѓаат изворите за водата која ја пие град Прилеп“ – Објави на својот фејсбук профил еден од протестирачите.

Протестите започнаа откако се утврди дека трасата ја загрозува животната средина, од динамитите настрада околен манастир стар неколку века, а се уништуваат и единствените извори на чиста вода за овој регион.

„Значи, и покрај вештачењето од Хидрогеологија, кое кажува дека во овој регион поради водата и изворите за вода, не смее да има никакво рударење и минирање, новата власт, за која договорот со Бехтел и Енка беше шверцерски, е подготвена да нѐ разбие насила и да продолжи со ископот“ – се вели во видеозаписот.

Дел од протестирачите на лице место, кажаа дека добиле информации, како страна на новата власт, било побарано доколу е потребно на сила да биде разбиена барикадата со цел да се удоволи на милионскиот профит на Бехтел и Енка.