Мојсоска: Наместо нови лица – ДПМНЕ предлага “вечни функционери“ за заменици министри!

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска се јави за реплика кон Дафина Стојановска и изјави дека јавноста не чула ништо за предложените кадри за заменици министри, за нивниот квалитет и кажа дека повеќето од истите потекнуваат од времето на Груевизмот и Бранковизмот по што заклучи дека со вакви истрошени кадри Владата нема да понуди нови политики.

Вие всушност ја покажавте вашата мантра дека има нови лица во политиката – воопшто не е така затоа што ние сега гледаме како првиот ешалон од време на Груевски станува втор ешалон, а вториот ешалон на Груевски сега станува прв ешалон. Вие ја спомнавте и вашата колешка Ана Лашкоска, која го има мандатот пратеник 13 години – пратеник е од 2011 година, и која искрено, единствено за што остана запаметена во јавноста беше дека користеше не само патни трошоци, туку користеше и двојни привилегии, односно тогаш излезе скандалот каде користеше и стан од државата, и патни трошоци.

Јас сигурна сум дека вие сте многу сензитивни околу патните трошоци, но има нешто што се вика и морал и етика, и најискрено јас се чудам како пензионерите купуваат. Бараат леб затоа што не можат да ја поминат неделата, а вие тука говорите дека се е согласно Законот и Уставот. Тоа само кажува за вашиот морален склоп.

И за крај, бидејќи колешката сакаше многу да цитира датуми, еве и јас ќе цитирам еден датум. Конкретно 27 јануари 2021 година, реплика на Зоран Димитровски, предлог за заменик – министер за надворешни работи, каде токму во дискусија, инаку тогаш Зоран Димитровски беше дел од СДСМ, што очигледно на вас не ви смета, и тогаш почитуваниот Димитровски кратко изјави за новиот Премиер : “Ставот на Мицковски, како и во сите други случаи е став каде нема ниту став на риба, на девојка”.

На крајот Јована Мојсоска кажа дека оваа влада ги собра сите криминални експонати од времето на СДСМ и додаде дека после 30 години, само Павле Трајанов никој не може да го испрати во опозиција.